Три меча суспензија за Муслиу

Македонскиот репрезентативен стопер Висар Муслиу, имаше неславно деби за својот Падерборн, откако доби црвен картон уште во 8. минута на дуелот со Гројтер Фурт. Тоа беше и еден од причините за убедливиот пораз на стартот на сезоната во втората Бундеслига од 5-0.

Дисциплинската комисија на германската федерација донесе одлука да го суспендира Висар Муслиу на следните три натпревари од „Цвајте“.

Тоа значи дека Муслиу ќе го нема на средбите со Оснабрик, Енерџи Котбус во Купот и против Фортуна Дизелдорф.

Муслиу летово од Инголштад се пресели во Падерборн.

Се вчитува...