Нејмар дефинитивно ќе го пропушти претстојното „Ел Класико“ на „Сантијаго Бернабеѕ“ во Мадрид откако асот на Барселона беше казнет со три меча неиграње поради црвениот картон заработен на саботниот дуел со Малага.
Нејмар доби два жолти картони, за што вообичаено следи еден натпревар суспензија, но во неговиот случај казната е поригорозна циничниот однос на Бразилецот, кој им аплаудираше на судиите при излегувањето од теренот.
Ова значи дека ѕвездата на Барселона дефинитивно ќе биде „во аут“ за дербито со Реал, бидејќи дури и во случај на жалба од Барса и нејзино прифаќање, сепак казната најверојатно би била намалена од три на два натпревари, а Нејмар дефинитивно не би настапил на „Сантијаго Бернабеу“. Покрај големото дерби со Реал Мадрид, Нејмар ќе ги пропушти и домашните натпревари против Реал Сосиедад и Осасуна.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА