Три милиони евра го делат Спалети од клупата на Италија

Италијанската Фудбалска Федерација забрзано преговара за именување на нов селектор, откако Роберто Манчини пред неколку дена ја шокираше јавноста самиот повлекувајќи се од клупата на „аѕурите“.

Јавна тајна е дека прва желба на федерација е договор со Лучијано Спалети, екс-тренерот на Наполи веќе ја прифатил и понудата околу селекторската плата, а згора на тоа и претставниците на федерацијата го прифатиле неговиот предлог за членови на стручниот штаб. Сепак, се уште како пречка стои активниот договор што Спалети го има со тимот на Наполи, со важност до јуни 2024 година.

Претседателот Аурелио де Лаурентис веќе јаснос стави до знаење дека нема намера да го раскине тој договор без соодветна отштета, инсистирајќи на клаузулата од три милиони евра што е наведена доколку Спалети сака повторно да работи во новата сезона. „Наполитанците“ тврдат дека Спалети побарал една година за одмор, а не за нов ангажман, па поради тоа бараат отштета за својот шампионски тренер.

За утре е закажан нов состанок меѓу претставниците на Италијанската Фудбалска Федерација и челниците на Наполи, а доколку не биде најден заеднички јазик „аѕурите“ ќе го насочат вниманието кон Антонио Конте.

Се вчитува...