Три невакцинирани фудбалери на Манчестер Сити отпаднаа од турнејата во САД

Манчестер Сити подготовките за новата сезона ќе ги започне во САД каде силите ќе си ги одмери со Клуб Америка и Баерн Минхен во пресрет на првата битка за трофеј против Ливерпул во „Комјунити шилдот“, а за овие натпревари Пеп Гвардола нема да смета на три фудбалери кои не се вакцинирани против Ковид-19.

Станува збор за Фил Фоден, Џон Соунс и Икај Гундоган кои не ги задоволуваат критериумите за влез во северноамериканската држава и истите наместо со првиот тим, ќе заминат во Хрватска каде ќе ги одработат подготовките со вториот тим на „граѓаните“.

Добра вест за шпанскиот стратег е тоа што новите засилувања Ерлинг Халанд, Кавлин Филипс и Јулијан Алварез се наоѓаат на списокот на патници заедно со Олександар Зинченко кој води преговори за промена на средината и премин во редовите на Арсенал.

Се вчитува...