Три нови имиња кај Фарски Острови, отпадна клучен играч

Фудбалерот од средниот ред на Фарски Острови, Брандур Хендриксон, отпадна од дуелот со Македонија поради повреда. Хендриксон кој одигра 53 натпревари за „фараните“, веќе го напуштил тренинг кампот на својата селекција. Беше еден од најдобрите фудбалери на Фарски, и играч на норвешки Фредерикштад.

Затоа за дуелот со Македонија конкурираат тројца нови играчи. Станува збор за Сони Натештад, Патрик Јоханесен и Паетур Петерсен, кои добија дополнителни повици.

Дуелот Фарски Острови – Македонија се игра во сабота со почеток во 15:00 часот. Експедицијата на пат кон Торшавн заминува во четврток на пладне.

Се вчитува...