Три нови случаи на коронавирус во Олимпик Марсеј

Нови три потврдени случаи во францускиот прволигаш Олимпик Марсеј. За разлика од првите тестови каде меѓу заразените имаше фудбалери, француските медиуми пренесуваат дека сега не се работи за играчи, туку за вработени во клубот.

Марсеј требаше да ја отвори сезоната во Лига 1 со мечот против Сент Етјен, но поради позитивните случаи на корона натпреварот беше одложен. Марсеј во второто коло требаше да се сретне со Брест, но поради новите потврдени случаи на Ковид-19 веќе е под знак прашалник одигрувањето на вториот натпревар.

 

Се вчитува...