Јуниорската репрезентација на Македонија потврди дека се наоѓа во одлична форма во пресрет на Европското Првенство – Б дивизија чиј домаќин ќе домаќин ќе биде во Скопје. Нашите кошаркарски надежи триумфираа на турнирот што се одржа изминатите три дена во Скопје откако по победите над Австрија и Романија, денеска беа подобри и од своите врсници од Бугарија, триумфирајќи со минимални 69-68.
Мечот беше израмнет, Македонија се одлепи откако ја доби втората четвртина со 21-10, Бугарите успеаја да се вратат, но избраниците на селекторот Милевски во неизвесна завршница успеаја да стигнат до триумф. Резултатот на дваесетина секунди до крајот беше израмнет, во клучните моменти погоди Абрашев, а потоа Темелковски од линијата за слободни фрлања стави печат на победата.
Темелковски одигра одличен меч со 18 поени и 9 скокови, додека Јакимовски реализираше 14 поени и осум скокови во овој триумф, кој сигурно уште повеќе ќе ја крене самодовербата кај нашите млади кошаркари во пресрет на европскиот шампионат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА