„Три од три“ за Крива Паланка во ВАБА2

Кошаркарките на Крива Паланка ја забележаа и третата победа во третиот натпревар во ВАБА2 лигата триумфирајќи против австриската Рајфајзен Дач со 58-70.

Избраничките на Петровски победата ја најавија уште во првото полувреме кое го добија со 28-43 па без многу проблеми ја задржаа високата предност до крајот на натпреварот.

Четири кошаркарки на Крива паланка завршија со двоцифрен број на постиганти поени.

Алексис Пул броеше до 21 поен 14.скокови, Даја Грин постигна 20 поени и 5.скокови, Глорија Груевска постигна 12 поени, додека капитенот Алексовска релизираше 10 поени и дополни шест скокови и три асистенции.

Се вчитува...