Легендарниот италијански голман Џанлуиџи Буфон на 45 годишна возраст има три опции за иднината на неговата кариера, пренесуваат италијанските медиуми.
Една од нив е да остане во Парма со која има договор на уште една сезона и да се обиде да ја внесе во прволигашкиот италијански фудбал, другата е да замине во пензија поради повеќе повреди на задната ложа стекнати изминатата сезона, а третата ќе му донесе милионски профит.
Имено, засега неименуван саудискиот клуб му нуди годишна плата од 30 милиони евра која најстариот италијански голман на сите времиња воедно ќе го направи и најплатениот голман во историјата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА