Кошаркарската репрезентација до 14 години уште еден меѓународен турир го заврши со максимален ефект од три победи. На турнирот кој овој пат се одржа во Скопје, младите кошаркари беа домаќини на селекциите од Косово, Бугарија и Романија.
Најпрво избраниците на Александар Јованчев му го зедоа скалпот на Косово со 95-49, а ден потоа беше прегазена и селекцијата на Романија со 63-87. Денеска, на последниот ден од меѓународниот турнир младите кошаркари забележаа уште една победа со 67-66 над врсниците од Бугарија.
Меѓународниот турнир беше организиран во соработка меѓу македонската куќа на кошарката и ФИБА како дел од проектот „Заедно до 16“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА