Најдобриот македонски клуб, ШК Алкалоид го подели третото место на Европскиот куп на шампионите (ЕКШ) кој до вчера се одржуваше во Порто Карас, Грција.
„Фармацевтите“ се најдоа на крајот на делба на третото место, но останаа без екипен медал завршувајќи на 6. место според перформансот.
Сепак, Алкалоид од ЕКШ се враќа со три поединечни медали. Притоа, ВМ Лирен Динг од Кина стигна до златниот медал на првата табла со 4,5 поени од 6 партии и извонреден перформанс од 2849 поени.
На втората табла неговиот сонародник Ју Јангји го освои бронзен медал со 5 поени од 7 партии и перформанс од 2739 поени, и на четвртата табла Дмитри Јаковенко со победата во последното коло го освои сребрениот медал со перформанс од 2745 рејтинг поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА