Македонските репрезентативци нема по добро да го паметат денешниот ден во Бундес-лигата, откако Филип Талески, Филип Кузмановски и Мартин Томовски сите претрпеа порази во рамките од петтото коло во елитното германско ракометно друштво.
Филип Талески со Балинген му гостуваше на својот поранешен клуб Рајн-Некар Левен и очекувано претрпе убедлив пораз (37-26). Македонскиот репрезентативец двапати го совлада голманот Апелгрен, а најефикасен на натпреварот беше Генсхајмер со десет погодоци за победничкиот тим.
Филип Кузмановски го претрпе првиот пораз со Магдебург откако вечерва загуби на гостувањето против Мелсунген со 31-29. Поранешниот ас на Металург и на Работник повторно не доби преголема шанса во нападот, па мечот го заврши со само една асистенција.
Најрасположен за игра беше голманот Томовски, кој нанижа девет интервенции на голот на Лудвигсхафен на гостувањето против Минден. Сепак, и тоа беше недоволно за позитивен резултат откако тимот на Томовски со очајното второ полувреме (16-10) го загуби натпреварот со конечни 29-23.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА