Барселона е заинтересирана за доведување на крилниот напаѓач на Милан, Рафаел Леао. Една од целите на Каталонците во летниот преоден рок е португалскиот репрезентативец, но во клубот нема консензус за потписот.
Претседателот Жоан Лапорта дал зелено светло за ангажманот. Тој има одличен однос со менаџерот Хорхе Мендеш, кој би можел да посредува во трансферот. Меѓутоа другите не се согласуваат.
Прво ситуацијата ја комплицира високата трансфер цена. Покрај тоа главниот тренер Ханс Флик и спортскиот директор Деко, не биле импресионирани од неговиот однос на теренот. Подругалецот често пати не се однесува соодветно на еден од најдобрите фудбалери, па сето тоа Барса го зема во предвид, со оглед дека не сака проблеми во соблекувалната.
Како трет проблем може да се спомене и финансиската ситуација во Барселона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА