Читателите на AUTO ZEITUNG го избраа најдобриот светски автомобил: Оваа година, двата најпосакувани трофеи одат за Audi Q2 и Audi Q7. Премиум брендот, исто така, го освои првото место во категоријата “Најдобар дизајн”. Ова го носи бројот на награди што Audi ги освои од „Авто Трофеј“ на вкупно 79.
Повеќе од 41.000 читатели и онлајн корисници на AUTO ZEITUNG гласаа за нивните омилени возила во анкетата на “Авто трофеј”. Audi Q2 победи во категоријата “Најдобар компактен SUV” против 22 други конкуренти. Audi Q7 освои 16,1 отсто од гласовите во категоријата за “Најдобар луксузен SUV”, со што го превзеде водстсвото пред 13-те конкуренти со значителна разлика. Вкупно 260 модели во 15 категории беа во трката за наградите “Авто трофеј 2017”.
Директорот на Audi, Руперт Штадлер, ја прифати наградата од Вокер Кердт, главен и одговорен уредник на AUTO ZEITUNG. „Овие две награди го потврдуваат огромниот интерес на нашите клиенти во овие SUV сегменти. Младешкиот карактер на Audi Q2 и луксузната удобност на Audi Q7 ги прави овие два SUV возила исклучително привлечни.“, рече Стадлер. „До средината на следната деценија, речиси едно од секои две возила што ќе ги испорачаме ќе биде SUV“.
Покрај тоа, брендот со четирите прстени ја доби наградата за „Најдобар дизајн во светот“. „Во Audi дизајнот секогаш го изразува Vorsprung durch Technik“, изјави шефот за дизајн на Audi, Марк Лихте. „Прогресивниот дизајн се одликува со комплетна хармонија на формата и функцијата – совршено решение што импресионира со својата едноставност.“
Комерцијален текст
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА