Македонските таеквондисти забележаа одличен старт на силниот меѓународен турнир „Скопје Опен Г1“, кој се одржува во СЦ „Борис Трајковски“. Првиот натпреварувачки ден донесе шест медали (по три сребра и три бронзи) за нашите таеквондисти.
Со сребра се закитија Душица Бреслиева, Ведрана Тунески и Ненда Целески, а со бронзи Теодор Стојановски, Антонио Негријевски и Дамјан Василевски.
Ведрана Тунески се закити со сребрениот медал во кадетска конкуренција (до 51 кг). По трите доминантни победи над противнички од Грција и Србија, Тунески беше сопрена во финалето од Бугарката Викторија Кулишева.
Со бронзен медал се избори Теодор Стојановски во јуниорска категорија (до 63 кг). Тој обезбеди две чисти победи од по 2:0 против претставници од Бугарија и Хрватска, пред да биде поразен во полуфиналната борба од Шпанецот Мигел Санчез.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

