Три тима во трка за потписот на Несторовски

Фудбалскиот репрезентативец на Македонија, Илија Несторовски е на излезна врата од Удинезе, пренесуваат италијанските медиуми. Три тима се во трка за неговиот потпис, а Удинезе е подготвен да прифати една од понудите од Бреша, СПАЛ и Монца.

Монца во моментов е во најдобра состојба на табелата во Серија Б и се наоѓа на вторта позиција. СПАЛ е петтопласиран, додека Бреша се наоѓа во најлоша форма и во моментов го зазема 13. место на табелата.

Едно е сигурно, Несторовски треба да си замине од „Фриули“ во тим каде би добивал поголема минутажа, за да биде во топ-форма за време на летниот настап за македонската репрезентација на ЕВРО 2021.

Се вчитува...