Три „црвено-црни“ гола за мирно гостување во Сан Марино (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Најтрофејниот македонски клуб очигледно си обезбеди мирно гостување во Сан Марино за седум дена, по убедливата победа од 3-0 против Ла Фиорита во првиот натпревар од почетното коло во Конференциската лига на УЕФА.

Три црвено-црни гола во второто полувреме за оправдување на фаворитската улога против објективно недораснатиот противник. Со головите на Азер Омерагиќ и Роџерс Мато и автоголот на Друди, Вардар дојде до посакуваниот триумф кој, веќе сосема извесно, го носи кон второто коло во Конференциската лига.

 

 

Се вчитува...