Три заминувања од Челси на последниот ден од преодниот рок

Челси го искористи последниот ден од преодниот рок да го доведе Пјер Емерик Обамејанг како засилување во нападот, но и да ги испрати „непотребни“ Били Гилмур и Етан Ампаду надвор од „Стемфорд Бриџ“.

Гилмур кој еднаш важеше за голема надеж на „сините“ не ја доби довербата на Томас Тухел па ќе реализира перманентен трансфер во редовите на Брајтон, додека Ампаду сезоната ќе ја помине на позајмица во италијанското првенство каде ќе настапува за Специја.

Претходно клубот го напушти и Маркус Алонсо кој ќе биде дел од трансферот на габонскиот репрезентативец. Шпанецот веќе подолго врмее ги имаше договорено личните услови во Барселона, а за него тоа ќе значи враќање во татковината каде во минатото ги бранеше боите на Реал Мадрид.

Се вчитува...