Три засилувања за Челси пред градското дерби со Тотенхем

Лондонското дерби помеѓу Челси и Тотенхем ќе го одбележи 30. коло во Премиерлигата. Натпреварот ќе биде одигран на „Стемфорд Бриџ“ во четврток со почеток од 21 часот, а навивачите на „сините“ имаат причина за задоволство по последните вести од клубот.

Имено, на овој натпревар тренерот Енцо Мареска ќе може да смета на тројца првотимци кои изминатиот период беа надвор од теренот поради повреда.

На сцена се враќа фантастичниот Кол Палмер кој и покрај тоа што забележа пад во формата беше клучен дел од составот од самиот старт на сезоната. Покрај 22-годишниот на располагање на италијанскиот стратег ќе му бидат и напаѓачот Николас Џексон и Нони Мадуеке.

Челси во моментот на четвртата позиција на табелата со 49 освоени бодови, додека Тотенхем ја игра една од најлошите сезони во својата историја и е на 14. позиција со само 34 освоени бодови.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...