Триатлон натпревар Stopanska Triogy Triathlon 2022 на 14 мај во Скопје

Триатлон клубот „Триоги Рејсинг“ го најавува вториот Триатлон натпревар Stopanska Triogy Triathlon 2022 кој ќе се одржи на 14 мај 2022 година во Скопје. Главниот град повторно ќе биде место каде што ќе се слави триатлонот – спорт кој е брзорастечки во светот, а и кај нас добива сè поголемо внимание.

Нашиот прв триатлон натпревар одржан во 2019 години претставува најмасовен триатлон натпревар во нашата држава со преку 150 учесници. За жал, во 2020 и 2021 година, поради пандемијата од ковид-19, не добивме дозвола за да го организираме настанот повторно.

На голема радост и со голема поддршка од Стопанска банка АД – Скопје, Stopanska Triogy Triathlon 2022 ќе стане возможна мисија. Подготвени сме со сопствена судиска екипа и техничка поддршка од страна на Триатлон федерацијата на Северна Македонија, да обезбедиме трка на која секој натпреварувач би сакал да учествува и веруваме дека овој натпревар ќе прерасне во традиционален натпревар кој ќе им овозможи на македонските триатлонци да се натпреваруваат на домашен терен.

Tриатлон натпреварот ќе биде директно пренесуван на Македонската Радио Телевизија.

Оваа година очекуваме преку 200 натпреварувачи, а потврдено е учество и на триатлонци од Хрватска, Бугарија, Турција, Србија и од Црна Гора.

Пријавувањето за Stopanska Triogy Triatlon е до 7 мај, на следниот линк.

Оваа година натпреварувачи кои ќе бидат поделени во неколку категории, во машка и женска конкуренција и тоа:

-Деца 1, родени 2013 г. и помали

-Деца 2, родени од 2012 г. до 2010 г.

-Кадети, родени од 2009 г. до 2007 г.

-Јуниори, родени од 2006 г. до 2003 г.

-Елитна група, родени пред 2002 г.(кои ќе се борат за титулата Државен првак на Македонија)

-Мастерс група или ентузијасти родени после 2002 г.

Триатлон натпреварот ќе се одржи на следните локации: во делот од пливањето на базенот СРЦ „Борис Трајковски“, во делот на велосипедизмот – долж булеварот Илинден од потегот на СРЦ „Борис Трајковски“, сè до исклучувањето кон „Скопје Сити мол“ и назад по десната коловозна лента. Делот од трчањето се изведува околу паркинзите на СРЦ „Борис Трајковски“.

Се вчитува...