Tриатлонците на готовс пред Балканскиот шампионат

Охрид и борилишта се подготвени. Натпреварувачите веќе се акомодираат на условите. Се е подготвено за Балканското триатлон првенство и Европски куп. Учесниците и официјалните лица имаат само пофални зборови за условите кои ги нуди Охрид за триатлон.

Тие денеска се запознаа и со патеката каде што во претстојните два дена ќе се одржуваат натпреварувањата.

„Многу сум среќен што сум дел од овој мега-спортски настан во Охрид и исто така многу ми е мило што гледам со каков ентузијазам луѓето го организираат ова натпреварување.

Условите и се останато што е потребно одат во прилог на градот и на организаторот. Затоа не гледам пречки за да имаме успешни триатлон трки“ – вели делегатот на Европската триатлон федерација, Андреас Галанос.

Неговата конечна оценка ќе биде пресудна за нивото и квалитетот на Балканското првнество и Европскиот куп.

 

 

 

Се вчитува...