Иван Тричковски постигна прекрасе погодок за АЕК Ларнака на дербито од кипарскиот шампионат против Аполон, но тоа не беше доволно за АЕК да избегне пораз на домашен терен. На крајот гостите триумфираа со 1-3, со што го симнаа АЕК од врвот на табелата во кипарското првенство.
Мечот беше решен во првите дваесет минути, во кои гостите го посрамотија тимот од Ларнака, во чии редови настапува и Даниел Мојсов, постигнувајќи три погодоци. Тричковски постигна еврогол со ножички по 27 минути игра по кој гостите протестираа барајќи да биде поништен. Судијата сепак го призна погодокот на Македонецот, но и тоа се покажа недоволно бидејќи АЕК до крајот не успеа да постигне ниту втор погодок, камоли посериозно да ја загрози победата на гостинскиот состав.
По денешниот пораз тимот на Тричковски и Мојсов падна на втората позиција со еден бод заостанување зад шампионот АПОЕЛ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА