Тричко даде гол, а потоа се случи прекин во Грац, дебакли на Зенит и на Феенорд

Македонскиот фудбалски интернационалец Иван Тричковски постигна гол за АЕК Ларнака на дуелот против Штурм (0-2), кој е прекинат во финишот поради напад над помошниот судија од страна на домашните фанови. Тричко го постигна вториот гол за АЕК Ларнака во 74.минута, а три минути подоцна го напушти теренот. Даниел Мојсов влезе како резерва во 60.минута од овој меч. Инаку, Тричковски со овој гол влезе во историјата на кипарскиот клупски фудбал како најдобар стрелец на европските мечеви.

 

Зенит доживеа дебакл на гостувањето против Динамо Минск, губејќи со 4-0. Урош Николиќ постигна два гола за домашниот тим, а мрежата на Зенит ја погодија и Квашчински и Галовиќ. Феенорд исто така доживеа пораз од 4-0 на гостувањето во Словачка против Тренчин. Ааталнта беше на висина на задачата и славеше со 1-4 на гости против Хапоел Хаифа во Израел.

Се вчитува...