Македонскиот репрезентативец Иван Тричковски го постигна и десеттиот свој гол сезонава во дресот на АЕК Ларнака во кипарското првенство.
Тричковски го постигна единствениот гол за АЕК во ремито од 1-1 на гостувањето против Арис во 20. коло од Првата кипарска лига. Македонскиот офанзивец стрелаше во 45. минута од средбата за израмнување на резултатот. Тричковски, како и Даниел Мојсов, го одиграа целиот натпревар за гостите.
По овој бод, АЕК Ларнака се израмни на врвот од табелата со АПОЕЛ со 46 бода, но АПОЕЛ има и натпревар помалку.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА