Тричко со гол во 93. минута го спаси АЕК од пораз (ВИДЕО)

Поранешниот македонски репрезентативец Иван Тричковски повторно го спаси својот АЕК Ларнака од пораз во кипарскиот шампионат, откако беше стрелец на единствениот погодок за својот тим во ремито од 1-1 на домашен терен против Папос.

Гостите стигнаа до предност од 0-1 со голот на Квида во 38. минута. Тричковски кој се најде на клупата за резерви во игра влезе на стартот на второто полувреме, а конечните 1-1 ги постави во 93. минута.

 

 

Се вчитува...