Тричко со нов гол за АЕЛ Лимасол (ВИДЕО)

Поранешниот македонски репрезентативец и еден од најдобрите напаѓачи во историјата на нашиот фудбал Иван Тричковски и на 37 години се уште е голема закана за противничките голмани.

Популарниот Тричко денеска беше еден од најголемите виновници за победата на неговиот АЕЛ Лимасол против Паралимни од 2-0.

Иако не реализираше пенал во 16. минута, сепак Тричко стрелаше за својот тим во 55. минута за 1-0. Конечните 2-0 беа поставени со автоголот на Аделеје во 62. минута.

Се вчитува...