Тричко трагичар, АЕК Ларнака со реми ќе патува во Израел (ВИДЕО)

Македонскиот фудбалски интернационалец Иван Тричковски беше трагичар за својот клуб АЕК Ларнака откако не реализираше пенал во ремито против Макаби Тел Авив од 1-1.

Гостите стигнаа до водство од 0-1 со погодокот на Кохен во 64. минута. До израмнување кипарскиот тим стигна преку Фараж во 80. минута. Тричковски влезе во игра во 69. минута, а во финишот имаше шанси да биде повторно херој за својот тим, но излезе трагичар откако не реализираше пенал во 86. минута.

 

Се вчитува...