АЕК Ларнака експресно го остави зад себе разочарувачкиот пораз на домашен терен од Аполон од пред неколку дена, па вечерва стигна до голем триумф на гостувањето против Анортозис (0-1). Најаслужен за победата беше македонскиот репрезентативец Иван Тричковски, кој го постигна победничкиот погодок по само шест минути игра, со прецизен удар од белата точка.
Тричковски по голот со Аполон повторно се запиша меѓу стрелците, уште еднаш покажувајќи дека е главен адут на АЕК Ларнака во трката за титулата. Добар натпревар вечерва одигра и вториот Македонец во АЕК, Даниел Мојсов, кој „командуваше“ со одбраната која не дозволи мрежата на голманот Мино да биде затресена.
За Иван Тричковски ова беше деветти гол сезонава во кипарското првенство, со што македонскиот интернационалец уште еднаш ја потврди одличната форма во која се наоѓа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА