Тричковски и Мојсов до пехар во Купот на Кипар

Македонските интернационалци Иван Тричковски и Даниел Мојсов ја крунисаа одличната сезона во кипарскиот шампионат закитувајќи се со трофејот во националниот куп на оваа земја.

Двајцата Македонци со тимот на АЕК Лимасол денеска во куп-финалето се сретнаа со Аполон, триумфирајќи со 2-1 со пресврт во второто полувреме.

Аполон имаше предност по првиот дел, за во продолжението АЕК да го сврти резултатот во своја полза со головите на Толемес и на Акоран, за закитување со куп-трофејот.

Се вчитува...