Македонскиот репрезентативец Иван Тричковски продолжува со одлични игри во кипарскиот шампионат. Тој беше стрелец на еден погодок за својот тим АЕЛ Ларнака и тоа со „паненка“ од пенал на денешниот дерби дуел против Омонија (4-2). Со тоа тимот на Тричковски на Мојсов ја прекина серијата од неколку последователни ремија.
Популарниот Тричко во 51.минута постигна „паненка“ за водство од 3-0, а до крајот Омонија сепак успеа малку да го ублажи поразот. По овој триумф, АЕК Ларнака се наоѓа на третото место на табелата во првенството на Кипар со 52 освоени бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА