Македонскиот фудбалски репрезентативец Иван Тричковски го продолжи договорот со кипарскиот клуб АЕК Ларнака до 2020 година. Неговите добри игри придонесоа раководството на клубот да сака да го задржи и во наредниот период.
„Би сакал да се заблагодарам на раководството на клубот за довербата и за новиот договор до 2020 година. Јас сум многу среќен во овој клуб и ќе продолжам да работам напорно давајќи придонес за успесите на тимот. Моите амбиции се да се прилагодам на колективот и да продолжиме да бележиме победи во првенството и во Купот на Кипар, но и во Европа. Би сакал да ги поздравам и навивачите, кои секако се нашиот 12.играч и ни ја даваат неопходната поддршка на секој натпревар“, изјави Иван Тричковски при потпишувањето на новиот договор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА