Македонската фудбласка репрезентација се подготвува за историскиот настап на Европското првенство на кое во премиерниот меч силите ќе си ги одмериме со Австрија.
На денешниот брифинг говореше еден од најискусните играчи во нашата репрезентација, Иван Тричковски.
„Сезонава на Кипар и головите таму ми даваат мотив плус, како добри припреми за ова натпреварување. Европското првенство носи позитивен притисок, но навикнат сум. Ова е специјално натпреварување, прв пат сме тука и ќе дадеме сè од себе. Ова е остварување на сонот, на нас и целата земја. Успехот веќе го направивме, ама сега се надеваме дека ќе го надополниме. Притисокот од мечот со Австрија е огромен, ама и мотивација плус. Иако не одигравме добро со нив во минатото, а тоа ќе не мотивира. Докажавме дека сме зрели за вакво натпреварување. Сепак, дебитанти сме и очекувањата се измешани. За нас, најважно е дека го познаваме својот квалитет и во наредните денови ќе бидеме целосно спремни“, вели Тирчковски.
Атмосферата во тимот е на најдобро ниво, а репрезентативците сакаат да го остварат својот, но и сонот на нацијата.
„Можам да кажам дека уживаме во моментите пред Европско првенство. Сепак, чувствуваме и одговорност, знаеме каде сме и што следи. Ова ЕП значи многу за нас и цела Македонија. Атмосферата е секогаш на високо ниво. Долго сме заедно и се функционира перфектно. Многу работи ќе зависат од нас самите. Креиравме и направивме наш претпознатлив стил на игра. Тоа донесе големи резултати, но секој натпревар ќе биде различен. Мали детали ќе одлучуваат за резултатите. Ќе се направи анализа и тактичкиот дел на Европското првенство мора да се одработи перфектно. На вакво ниво, ситниците можат да бидат клучни.
Среќни сме што ја ставивме Македонија на европската фудбалска мапа. Сега сите зборуваат за нас како дебитанти, а сето тоа носи доза на задоволство кај сите нас. Сепак, пак ќе кажам дека носи и огромна доза на одговорност. Ние ја претставуваме цела земја, сите навивачи ширум Европа и светот. Тоа е нешто специјално. Ова е фудбал, сите треба да уживаме. Не е ништо ново, натпревар како натпревар, стилот ни носи резултати и нема да се менува. Ќе дадеме сè од себе, од прва до последна минута во трите, а сакаме и повеќе натпревари. Се надевам ќе се претставиме во што е можно подобро светло“, додава репрезентативецот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА