Тричковски стрелец во победата на АЕК Ларнака

Искусниот македонски фудбалер Иван Тричковски, беше еден од најзаслужните за победата на својот тим над Арис на гостински терен.

Екс македонскиот репрезентативец во 23. минута постигна гол за водство на АЕК Ларнака. Но, во 33. минута искусниот Кокорин донесе израмнување.

Сепак, во вториот дел АЕК Ларнака преку нововлезениот Ромо успеа да постигне уште еден гол и да дојде до третата победа во шестиот меч сезонава.

За Тричковски ова беше втор гол сезонава во Кипар.

Се вчитува...