Македонскиот интернационалец Иван Тричковски одново ја затресе мрежата за АЕК Ларнaка во кипарското првенство, овој пат против Апоел во ремито од 2-2.
Искусниот голгетер натпреварот го започна од клупата, а шансата која ја доби во 72. минута ја искористи само четири минути подоцна совладувајќи го противничкиот голман Белец.
За Тричковски тоа е шестти гол во кипарскиот шампионат оваа сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

