Искусниот голгетер Иван Тричковски продолжува да ги тресе мрежите. Македонецот постигна гол за АЕЛ Лимасол и на гостувањето кај Неа Саламис, натпревар во кој неговата екипа славеше со 1-3.
Тричковски ја затресе мрежата во 53. минута за водство на својот тим од 0-1. За него тоа е четврт гол на последните три средби.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА