Тридневна жалост во Аргентина

Светот е во тага по информацијата за смртта на најдобриот фудбалер во историјата, Диего Армандо Марадона. Во неговата Аргентина тој беше прогласен за божество. Претседателот на Аргентина, Алберто Фернандез прогласи тридневна жалост поради смртта на најголемиот фудбалер во историјата, Диего Армандо Марадона.

„Претседателството донесе декрет за прогласување на тридневна жалост во Аргентина поради смртта на Диего Армандо Марадона“, соопшти претседателот Фернандез. 

Марадона почина на 60 годишна возраст откако денеска доживеал срцев удар кој, за жал, не успеал да го преживее.

Се вчитува...