Триесет минути ништо, а потоа Шпанија ја понижи Хрватска (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Шпанија има водство од 3-0 на полувреме против Хрватска во меч од 1. коло од групата Б на Европското првенство во Германија, кој се игра на „Олимпискиот стадион“ во Берлин.

Првите 25 минути не донесоа никакво возбудување на теренот, а единствена за одбележување беше полушансата на Алваро Мората во 7. минута биеше кон голот на Ливаковиќ, но хрватскиот чувар на мрежата го спречи неговиот удар.

Хрватите веднаш потоа одлучија да возвратат. Ковачиќ имаше убава шанса, но не биеше најпрецизно па резултатот на семафото остана 1-0. По промашувањето на Хрватска, Шпанија успеа да зголеми и на 2-0 со голот на Фабијна Руиз во 32. минута. Следеше, нова шанса за Хрватите, но Унаи Симон успеа да го спречи ударот на Марцело Брозовиќ.

Хрватите имаа нова шанса преку Јошко Гвардиол, па стигна нова казна со погодокот на Карвахал за 3-0 во последните моменти на првото полувреме.

Се вчитува...