Кошаркарската репрезентација на Франција стигна до втората победа на Евробаскет 2017, совладувајќи го убедливо Исланд во Хелсинки со 115-79. По непоријатниот пораз на стартот од Финска, „триколорите“ заиграа според очекувањата и го демонстрираа својот квалитет. Исланд немаше никакви шанси на овој дуел.
Франција клучната разлика ја направи во третиот период, кој доби со огромни 37-14. Нандо де Коло со 16 постигнати поени беше најефикасен во селекцијата на Франција, а Серафин и Џексон уфрлија по 14. Стефансон од Исланд беше најефикасен пак на мечот со 23 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА