Франција ги отвори подготовките за СП 2018 со рутинска победа над селекцијата на Република Ирска од 2-0. Жиру и Фекир беа стрелци на головите во финишот од првото полувреме, за во вториот дел двајцата селектори да направат бројни замени, по што темпото на игра опасна, па до крајот на средбата мрежите мируваа.
Дидие Дешамп се реши за комбиниран стартен тим, оставајќи ги на клупата Гризман, Канте, Погба и уште неколку играчи кои вообичаено се стандардни првотимци, но тоа не остави посериозна трага, Французите одиграа квалитетен натпревар и заслужено славеа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА