Трикратен олимписки шампион нападнал гости во хотел, па го пренеле во болница

Воочи почетокот на скијачкиот викенд во Кицбил, имало скандал во хотелот каде што биле сместени скијачите. Трократниот олимписки шампион Матиас Мајер, се однесувал агресивно во текот на прием кој бил организиран од гувернерката на Долна Австраија. Мајер наводно се качил на столче, викал, ги плукал и ги поливал со вино гостите во хотелот.

На крајот морале да реагира обезбедувањето, а лекарот на австриската репрезентација му дал лекови за смирување. Мајер после инцидентот бил пренесен во болница, каде што прордолжил со лекување.

„Со жалење мораме да констатираме дека Матиас Мајер и натаму не се решил од здравствените проблеми со кои се бори веќе долго време. Ние како фамилија му пружаме секаква помош. Му посакуваме се најдобро, и се надеваме дека својата страст ќе ја насочи само кон скијањето. После консултација со неговото семејство, мораме да ги почитуваме нивните барања и не можеме да истакнеме повеќе детали“, стои во соопштението на Австриската фудбалска федерација.

Мајер имаше 11 победи во Светскиот куп. Во Сочи освои златен медал во спуст, потоа и во велеслаломот, а во Пекинг 2022 година во спуст освои бронза. Во пензија е веќе една година, а работи во федерацијата како советник.

Се вчитува...