Трикратен шпански олимпиец открил дека има тумор на мозокот

На трикратниот шпански олимпиец Алехандро Гомес му е дијагностициран тумор на мозокот кој е невозможно да биде оперира, пренесува шпанска Марка. Поранешниот атлетичар на кратко и емотивно го прокоментира сознанието дека е тешко болен.

„Сакам луѓето да ме помнат како добра личност каква што бев“, изјави Гомес. 

Тој е сместен во болницата „Алваро Кункуеро“ во Виго. 56-годишникот учествуваше на три Летни олимписки игри во Сеул 1988, Барселона 1992 и Атланта 1996.  Во кариерата освои сребрен медал на маратонот во Ротердам во 1997 година каде го постигна и своето најдобро време 2:07:54 часа.

 

Се вчитува...