Актуелниот шампион Данска во трилер натпревар одигра реми 32-32 со Хрватска во првото коло од главната групна фаза на Светското првенство во Шведска и Полска.
Ракометарите на Хрватска одлично го отворија натпреварот и на средината на првото полувреме имаа и највисоки плус четири (8-12). Како одминуваше првото полувреме Данците заиграа далеку подобро, а со реализираниот пенал на Микел Хансен на полувреме заминаа со негатива од само еден гол (15-16). Вториот дел продолжи во егал игра, а со погодокот на Питлик во последните пет минути Данците влегоа со позитива од еден гол (31-30). Следеше гол на Шипиќ за 31-31, па во последните три минути влеговме во егал. Следеше по уште еден гол на двете страни (32-32), а откако данските ракометари направија грешка во последниот напад, Лука Циндриќ за малку не успеа да постигне погодок од гол на гол.
Репрезентацијата на Србија имаше сила само за едно полувреме против Норвежаните кои на крајот славеа со 31-28. Србите одиграа неверојатно прво полувреме по кое имаа предност од 14-17. Норвежаните како и со Холандија заиграа на повисоко ниво во вториот дел и со одлична игра во одбраната стигнаа до целосен пресврт и конечен триумф од 31-28. Сагосен и Бартхолд со по пет гола беа најефикасни во таборот на победникот, додека кај поразените со истиот број погодоци завршија Ѓорѓиќ, Орбовиќ и Радивојевиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА