Трилер во „Билјанини извори“ – Вардар по пенали го детронизираше Алкалоид

Ракометарите на Вардар се првиот патник во финалето на фајнал-фор турнирот од Купот на Македонија откако во трилер меч по изведување на пенали славеше над Алкалоид со 32-31.

По воведното водство на вардарци, избраниците на Кирил Лазаров врзаа четири гола во низа за брзо водство од плус три (1-4). Во средината на првиот дел Алкалоид стигна и до највисоките плус четири 4-8. Оваа предност „фармацевтите“ ја чуваа се до 25 минута кога Вардар повторно дојде на само минус еден 11-12.

До крајот на првиот дел иако тимот од Автокоманда имаше и плус три, на пауза замина со позитива од само еден погодок 13-14.

На стартот на вториот дел двата тима играа во егал, па по 40 минути игра Алкалоид се уште имаше преднот од плус еден 19-20. Галевски на голот и Дамјам Митев во нападот влегоа во неверојатна серија, па на петнаесет минути до крајот номиналните гости повторно стигнаа до плус три 20-23. Милано побара тајм-аут по кој неговите играчи заиграа подобро и повторно го вратија мечот во егал 23-23.

Вардар продолжи со одличната игра па во 52. минута по долг период стигна до водство 26-25. Следуваше нов гол за „црвено-црните“ за плус два 27-25. Галевски продолжи со одличната партија со која повторно го врати во живот својот тим 27-27.

Следуваше грешка на Јагуриновски, а Џонов преку контра напад го врати својот тим во водство од 27-28. Следуваше нова интервенција на Галевски вкупно петнаесетта, по што Алкалоид тргна по плус два на минута и пол до крајот. Избраниците на Лазаров не го искористија својот напад, а Вардар преку Срдановиќ израмни на 28-28. Борозан направи фаул за исклучување над Серафимов, а резултатот на семафорот остана 28-28 по шеесет минути.

Првиот патник во финалето беше познат по изведувањето на пенали каде за Алкалоид пенали не реализираа Симоновски и Дамјан Митев што беше доволно за победа од 4-3 за Вардар и ново финале во Купот на Македонија.

Во второто полуфинале ќе се сретнат Е. Пелистер и домаќинот на турнирот ГРК Охрид.

Се вчитува...