Ракометниот шампион на Македонија, Е. Пелистер во трилер меч одигра реми 34-34 на домашен терен против Пари Сен Жермен во претпоследното коло од групната фаза во Лигата на шампионите.
Првото полувреме помина во фуриозна игра на двете страни. И двата клупа погодуваа од секоја позиција, игра во која подобро се снајде францускиот шампион кој на пауза успеа да замине со позитива од три гола 15-18.
Вториот дел почна во игра на серии на двете страни. Битолчани успеаја да се приближат, па ПСЖ се одделуваше повторно на тие три разлика, но домаќините сепак на 15 минути до крајот на мечот успеаја целосно да се вратат во егал 25-25. Во следниот период се играше гол за гол, а Французите успеаја да се одделат на плус два дури во 55. минута кога поведоа со 30-32. „Светците“ иако имаа се во свои раце, Пелистер одигра храбро во финишот откако Дејан Манасков со својот петти гол донесе реми 34-34 буквално во последната секунда.
Филип Кузмановски со десет гола беше прво име во таборот на нашиот шампион, додека кај ПСЖ ист број погодоци имаше Јахија Омар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

