ТРИЛЕР ЗА ИСТОРИЈА: САД преку Канада до прво злато по скоро 50 години на ЗОИ

Хокеарите на Соединетите Американски Држави во трилер меч славеа над најголемиот ривал Канада по продолженија со 2-1 во финалето на хокеарскиот турнир на Зимските олимписки игри во Милано-Кортина.

Aмериканците стигнаа до брзо водство од 0-1 со погодокот на Болди во шестата минута. Канаѓаните успеаја да израмнат на 1-1 во 39. минута. Иако беа подобар противник во текот на регуларниот дел од играта, а во еден момент имаа и пет на три, Канаѓаните не успеаја да го совладаат феноменалниот на голот на САД Хелејбук.

Казната стигна во втората минута од продолженијата кога Хјус ја искористи грешката на Канаѓаните и го освоија првото злато од 1980 и игрите на домашен терен во Лејк Плесид.

Се вчитува...