Ракометарите на Охрид во суперинтересна завршница славеа на гостувањето кај Бутел со 29-30 во натпревар од 1. коло од плеј-офот во Суперлигата на Македонија.
Двете екипи одиграа еден тврд и неизвесен натпревар во кој домаќините може да жалат за поразот, бидејќи иако имаа еден гол позитива во резултатската клацкалка се до последните пет минути, на крајот мораа да му честитаат на противникот.
Клучниот момент се случи на 20-тина секунди до крајот на мечот кога голманот на гостите Бобан Ристевски успеа да му одбрани удар од седум метри на Филип Николов и со тоа да донесе голема победа за својот тим во битката за Европа.
Филип Николов на крај залудно беше најефикасен во таборот на поразените со осум гола бидејќ беше трагичар, додека кај победникот искусниит Гоце Ојлески постигна седум гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА