Тринаесет минути му беа потребни на Бразил да се пласира во 1/4 на Светското првенство во Катар

Одбраната на Јужна Кореја капитулираше по само седум минути игра во осминафиналниот натпревар против Бразил, а пет минути подоцна беше и целосно потопена откако од белата точка реализираше Нејмар.

Расположените Бразилци до водство стигнаа преку Винисиус кој се најде на вистинското место по центаршутот на Рафиња и со одличен удар го совлада противничкиот голман Ким. Само три минути подоцна Чо лошо реагираше во шестнаестникот, а Нејмар немаше проблем да реализира пенал за водство кое најверојатно ги носи јужноамериканците во следната фаза.

 

Се вчитува...