Тринкао и Рамош ја однесоа Португалија на Ф4 во Лигата на Нации

Португалија е втората репрезентација која се пласираше на фајнл-форот во Лигата на Нации, и ќе игра против Германија во Минхен во полуфиналето.

Португалците ја стигнаа предноста на Данците од првиот меч, а потоа во продолженијата целосно ги „скршија“ и триумфираа со 5-2, и со вкупни 5-3 обезбедија пласман во полуфиналето.

Најпрво Роналдо промаши пенал во 6. минута, па Андерсен си постигна автогол во 38. минута за предност на Португалија. Кристенсен во 56. минута израмни, а Кристијано Роналдо во 72. минута се погрижи за ново водство. Ериксен во 76. минута повторно донесе резултат кој ги води Данците на Ф4, но нововлезениот Тринкао во 86. минута од средбата успеа да донесе победа.

Тринкао во првата минута од продолженијата веднаш донесе предност за Португалија од 4-2, за на крај Гонзало Рамош да погоди во 115 минута за конечните 5-2.

Се вчитува...