Тринкиери го „олесни“ Партизан за 115 илјади евра

Кошаркарскиот клуб Партизан треба да му исплати 115.400 евра на Андера Тринкиери, одлучи Кошаркарскиот арбитражен суд. Италијанскиот стратег кој го предводеше белградскиот гигант од 2018 до 2020 година имаше тригодишен договор со „црно-белите“, но истиот не заврши во целост.

По завршување на соработката Тринкиери го оптужи Партизан за неисплаќање на неколку плати, како и агентската провизија, данокот на неговиот договор и обврската да го зголеми буџетот за следната сезона.

Сепак Судот застана и на страната на Партизан чии аргументи велеа дека Тринкиери немал вистинска причина за раскин на договорот и истиот бил само поради интересот од Баерн Минхен, а износот кој го барал Италијанецот од 700 ијади евра е претеран и дека не е земена во предвид пандмијата на Ковид-19 и намалување на платата поради истата, па донесе олеснување во однос на бараниот износ.

Се вчитува...