Тринкиери на клупата на Жалгирис до 2026 година

Литванскиот евролигаш Жалгирис ќе биде предводен од италијанскиот старатег Андреа Тринкиери до летото 2026 година откако беше постигнат договор за продолжување на соработка на дополнителна сезона, откри првиот човек на тимот од Каунас, Паулиус Јанкунас.

Тринкиери кој во минатото ги предводеше Канту, Уникс, Бросе Бамберг, Партизан и Баерн Минхен го превзема литванскиот гигант на самиот крај на 2023 година и успеа да го прероди тимот и покрај катастрофалниот старт на сезоната.

Италијанецот успеа да го освои Купот на Литванија, а и покрај тоа што претрпе пораз во финалето во лигашкото првенство, ветувачките игри му донесоа доверба за претојните предизвици во следните години.

Се вчитува...